PepsiCo ја презема Pioneer Foods од Јужна Африка за 1,7 милијарди долари

47

Фото: Pixabay

Американскиот прехранбен гигант, PepsiCo ја презема јужноафриканската компанија Pioneer Foods за околу 1,7 милијарди долари, пренесува Prnewswire.

Јужноафриканската компанија е еден од најголемите производители и дистрибутери на повеќе брендови на храна и пијалаци, а во 2018 година прикажа вкупни приходи од 20,2 милијарди долари.

Од PepsiCo очекуваат ова преземање да им обезбеди сигурен пазар во подсахарска Африка, преку зголемување на производните капацитети и отворање нови продажни канали.