Каде се точи најевтин, а каде најскап дизел во светот?

89

Фото: Pixabay

Од 163 земји во светот, најскапо дизел гориво точат возачите во Хонг Конг и Монако. Во овие две земји, според податоците, еден литар дизел гориво се продава за 1,64 евра.

Меѓу петте земји каде што овој нафтен дериват е најскап се и: Исланд (1,61 евро за литар), Норвешка (1,60 евра) и Швајцарија (1,53 евра).

Земји во коишто нафтата е скоро бесплатна се овие пет: Венецуела (0,0 евра), Иран (0,06 евра), Куба (0,07 евра), Судан (0,08 евра) и Саудиска Арабија (0,11 евра).

Македонските возачите на дизел автомобили плаќаат најевтино во регионот, бидејќи еден литар дизел чини околу едно евро, со што земјава е 99-та во светски рамки. Турција е 104-та со цена на дизелот од 1,01 евра, додека Бугарија е на 116-то место со 1,10 евра за литар дизел, а Босна и Херцеговина е 125-та со цена од 1,19 евра за еден литар.

Во Словенија литар дизел се продава за 1,24 евра, додека за истата количина жител на Црна Гора плаќа по 1,25 евра. Вкупно 1,33 евра плаќа возач на дизел автомобил во Хрватска, додека во Србија цената на дизелот е 1,36 евра за литар. Две земји во коишто е најскап дизелот од регионот се Грција со 1,40 евра и Албанија со 1,44 евра.