Новите производи “виновници“ за зголемениот профит на Coca-Cola

80

Coca-Cola го зголеми својот профит над очекувањата благодарение на новите производи, во коишто спаѓаат кафињата и неколкуте линии на поздрави пијалоци.

Според претседателот и извршен директор на компанијата, Џејмс Квинси, иновативните чекори помогнаа Coca-Cola да ги оствари овие бројки. Новите и реформулирани производи како Coca-Cola Plus Coffee и соковите со помалку калории, Simply juices — придонесоа со 25% кон приходот на компанијата, што е 15% повеќе од пред две години.

Заработката на Coca-Cola во вториот квартал изнесуваше 2,61 милијарди долари. Приходите изнесуваа 10 милијарди што исто така беше над очекувањата. Акциите на компанијата се зголемија за 3% на 52,92 долари од акција.

Првиот енергетски пијалок на Coca-Cola, Coca-Cola Energy, којшто беше претставен во Европа пред неколку месеци забележа успех, па компанијата планира да ја прошири понудата на уште 20 нови пазари, пишува Komo News.

Новите пијалоци како Coca-Cola Plus Coffee и ладните кафиња со мала количина на шеќер, Costa Coffee забележаа раст на побарувачката во периодот април – јуни.

Продажбата на безалкохолни пијалоци се зголеми за 3% благодарение на зголемената побарувачка на Coca-Cola Zero Sugar и новите производи како Coca-Cola Orange Vanilla.

Фото: Pexels