Virgin Hyperloop One гради ултра брз транспортен систем во Саудиска Арабија

96

Virgin Hyperloop One ќе гради ултра брза патека (Hyperloop tube) во Саудиска Арабија, којашто ќе биде најдолгата од ваков тип во светот. Првенствено нејзината улога ќе биде да се тестира оваа технологија, односно футуристичкиот, ултра брз начин на патување.

Штом системот ќе биде целосно развиен ќе може да транспортира луѓе и товар со “брзина на светлината“.

Virgin Hyperloop One веќе има извршено вакви тестови на својата ултра брза, 500 метарска патека во Калифорнија. Брзината којашто транспортните средства ја достигнаа таму изнесува 387 километри на час.

Планираната патека во Саудиска Арабија ќе биде долга 35 километри. Virgin Hyperloop One, чијшто претседател е Ричард Брансон веќе има слични договори со властите од Шпанија, Индија, а има подготвено ваков систем и за Мисури.

Фото:Facebook