Полското студио Noma креираше еден вид на маска којашто спречува вештачка интелигенција да изврши детекција на лице. Според креаторите на маската, нарушена е приватноста на луѓето од многуте камери на јавни места и разните алгоритми за скенирање на лице.
За Ева Новак и Јарослав Марковиц, маската е “накит за лицето“, со којшто секој би можел да се заштити од ваков вид на детекција доколку ја носи, пишува Dezeen.
Маската е изработена од парче месинг чијашто форма ги следи контурите на лицето. Има рамки, па се носи како очила, со таа разлика што на јаболчниците се наоѓаат кругови, а во средината на челото вертикална лента.
Со тоа, лицето не може да се препознае на камера, а тимот веќе го тестираше производот со фотографии на Facebook, за којшто велат не можеле да бидат препознаени.
Фото: Noma