MLI Elbow – уред што ги предупредува корисниците за можна повреда

66

Старт – ап од Данска создаде уред што се носи на рака и предупредува за можна повреда. MLI Elbow е составен од електронски модул и еластичен “ракав“ на којшто истиот е поставен.

Како што корисникот работи на компјутер, игра тенис или е вклучен во било каква физичка активност со рацете, електроди и останати сензори во модулот ја мерат мускулната активност и движењата.

Податоците потоа се пренесуваат преку Bluetooth на iOS/Android апликации на телефонот од корисникот, коишто ги праќа во сервер за анализа што се врши со помош на алгоритми со вештачка интелигенција.

Доколку се утврди дека мускулите се во опасност од истегнување, апликацијата го предупредува корисникот преку аларм и кажува како да постапи за да се намали оптоварувањето.

MLI Elbow има своја кампања на платформата Kickstarter, а доколку производот влезе во производство првите испораки се очекуваат во јануари 2020 година.

Фото: Kickstarter