Добивка од 676 милиони денари за Комерцијална банка

41

Комерцијална банка во првото полугодие од 2019-та година евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 676.088.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, банката прикажа добивка од 1.325.179.000 денари.

Нето приходите од камата, заклучно 30-ти јуни, достигнаа вредност од 1.169.660.000 денари, додека истиот период претходната година изнесуваа 1.270.762.000 денари.

Нето приходите од провизии, во периодот јануари – јуни оваа година, беа 491.481.000 денари, истиот период во 2018-та година изнесуваа 433.381.000 денари.

Неревидираниот (консолидиран) финансиски извештај на Банката за периодот 01.01-30.06 2019 година се состои од финансиските извештаи на Комерцијална банка АД Скопје, на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со инвестициони фондови и на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови, претставени како финансиски извештаи на едно правно лице..

Фото: Pixabay