Најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, продаде акции од неговата компанија Amazon во вредност од 1,8 милијарди долари, пишува CNBC.
Безос во последните три дена од јули продаде 965.612 акции, чија поединечна цена е околу 1.900 долари. Со оваа трансакција, најбогатиот човек на светот стана уште побогат, а неговото богатство се проценува на 117 милијарди долари.
Овие 965.612 акции чинат 1,6% од вкупната сопственост на Безос во Amazon. Тој сега поседува 58.142.479 акции во најголемата онлајн продавница во светот.