Непроменети цените на угостителските услуги во јули

41

Цените на угостителските услуги во јули 2019 година, во споредба со јуни 2019 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јули 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,6%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.

Фото: Pixabay