Во кои земји најмногу се јадат лешници?

180

Лешникот претставува јаткасто овошје што изобилува со важни хранливи материи, како што се витамин Е, манган, протеини, незаситени масти. Освен свеж, лешникот се користи за правење многу слатки,како што се пралини, чоколади, кремови и слично.

Италија е најголем потрошувач на лешници и тоа 78.000 метрички тони на годишно ниво. Втор по големина потрошувач е Турција со годишна количина од 60.000 метри тони, додека трета е Германија со потрошувачка на 55.572 метрички тони лешници.

Турција е најголем производител на лешници, чие годишно производство опфаќа околу 70% во светски рамки. Во сезоната 2017-та / 2018-та, нето производството на лешници во земјата порасна за 44% од претходната сезона. Турција, исто така, е земја што го контролира извозот на лешници во целиот свет. На оваа земја отпаѓаат околу 59% од извозот и надминува 65% во последните пет години. Најголем дел од турските лешници завршуваат на европскиот и американскиот пазар.

Во производство на лешници, Турција ја следат Италија и Азербеџан.

Фото: Pixabay