Американски Johnson’s оваа година достигна 14 милијарди долари, со што е највреден козметички бренд во светски рамки. Вредноста на компанијата минатата година имаше вредност од 17,6 милијарди долари, но и покрај намалувањето, оваа козметичка компанија го задржува првото место.
На втора позиција се најде француски Chanel со вредност од 11,4 милијарди долари, додека минатата година компанијата достигна ниво од 5,8 милијарди долари. Поради тоа, компанијата направи скок од шеста на втора позиција, според Brand Finance.
Уште еден француски бренд се вбројува меѓу највредните козметички брендови, а тоа е L’Oreal со вредност од 10,7 милијарди долари. Минатата година, компанијата беше проценета на 9,6 милијарди долари, со што е забележан пад од второ на трето место.
Американски Gillette оваа година има вредност од 8,1 милијарда долари, поради што е четврти највреден козметички бренд. На петта позиција се најде уште еден американски козметички бренд, а тоа е Neutrogena, чија вредност е проценета на 6,9 милијарди долари.
Фото: Pexels