Макстил со добивка од 1,2 милиони денари го заокружи првото полугодие од оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – јуни оваа година, Макстил прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1,8 милиони денари.
Вкупните приходи од продажба заклучно 30-ти јуни оваа година достигнаа вредност од 2.578.233.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 411.242.000 денари, додека поголемиот дел од 2.166.991.000 денари е остварен на пазари во странство.
Фото: Pixabay