Холандија, Турција и Полска се најголеми извозници на свежи јајца во светот. податоците покажуваат дека Холандија во текот на минатата година инкасирала 530 милиони долари од извоз на јајца. Втора е Турција со извоз од околу 350 милиони долари, а зад нејзе е Полска со 246 милиони долари извоз на свежи јајца.
Во топ 10 најголеми извозници на овој продукт се најдоа и: Германија (150 милиони долари), Малезија (140 милиони долари), САД, (115 милиони долари), Кина (110 милиони долари), Украина (94 милиони долари), Шпанија (94 милиони долари) и Белгија (72 милиони долари).
Од земјите во регионот, најмногу од извоз на јајца заработи Бугарија – околу 15 милиони долари, со што се позиционираше на 15-то место. Хрватска и Србија инаксираа 2,5 милиони долари од извоз на јајца и се на 36-то и 37-мо место во светски рамки. Босна и Херцеговина со 1,3 милиони долари извоз е 42-ра, додека едно место подолу е Словенија со извоз од исто така 1,3 милиони долари. Албанија е 45-та со извоз од околу еден милион долари, додека земјава е 47-ма со 849.000 долари.
Фото: Pixabay