Кои земји се топ извозници на бонбони?

97

Бонбоните не познаваат старосна или било каква граница, бидејќи во нивните вкусови и бои уживаат и стари и млади, кои живеат на сите континенти во светот. Минатата година извозот на бонбони достигна ниво од околу 11 милијарди долари.

Најголеми извозници на бонбони во светот се: Германија (над една милијарда долари), Кина (820 милиони долари) и Белгија (720 милиони долари).

Меѓу топ 10 најголеми извозници на бонбони се вбројуваат и: Холандија (720 милиони долари), Мексико (640 милиони долари), Шпанија (560 милиони долари), САД (530 милиони долари), Канада (470 милиони долари), Турција (405 милиони долари) и Полска (390 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е 34-та со извоз на бонбони во висина од 63 милиони долари, Бугарија е 50-та со околу 18 милиони долари извоз, а Словенија е 55-та со 13 милиони долари извезени бонбони во текот на минатата година.

Хрватска се најде на 59-та позиција со извоз вреден 11 милиони долари, Србија е четири места подолу со извос од над девет милиони долари, по што следи Македонија на 66-то место со извоз од околу шест милиони долари.

На дното на листата, што опфати 150 земји во светот се најдоа: Брунеи, Нигер и Лесото со симболичен извоз на бонбони.

Фото: Pixabay