Компанијата Витаминка од Прилеп, во периодот јануари – јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во износ од 7.539.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 45.787.000 денари.
“Остварените единечни вкупни приходи вопериодот јануари – јуни 2019 година изнесуваат 1.142.553.000 денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 20%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 годинабележат пораст од 20%“, стои во Образложението за остварените резултати.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, изнесуваа 1.116.843.000 денари. На домашен пазар, од тој износ отпаѓаат 659.083.000 денари, додека остатокот од 457.760.000 денари е остварен на пазари во странство.