Од каде доаѓаат бананите на светските пазари?

197

Еквадор е извозник број еден кога станува збор за ова јужно овошје што е популарно и кај нас. Минатата година, од извоз на банани оваа земја инкасираше 3,2 милијарди долари. Филипините се на вицешампионското место со извоз на банани во вредност од 1,5 милијарди долари, додека Гватемала е трета со 1,4 милијарди долари.

Во топ 10 извозници на банани, влегуваат и овие земји: Коста Рика (една милијарда долари), Белгија (950 милиони долари), Колумбија (860 милиони долари), Холандија (670 милиони долари), САД (440 милиони долари), Доминикана (365 милиони долари) и Хондурас (310 милиони долари).

Од земјите во регионот, Грција е 24-та со извоз на банани од 51 милион долари, Словенија е пет места подолу со извезени банани во висина од 38 милиони долари, додека извозот од 2,3 милиони долари ја смести Хрватска на 61-во место.

Бугарија е 67-ма со извоз од 780.000 долари, додека Србија е четири места подолу со извоз на банани од 520.000 долари. Македонија е 106-та од 127 земји со извоз на банани во висина од 18.000 долари.

На дното на листата со извоз од 1.000 долари се најдоа Етиопија и Конго.

Фото: Pixabay