“Вегански“ чизми на Dr. Martens му носат поголема заработка за 70%

135

Култната британска компанија за обувки, Dr. Martens во првите три месеци од оваа година забележа скок на заработката за 70%, благодарение на продажба на “вегански“ чизми, пишува The Guardian.

Продажбата на овој вид на обувки, кај коишто наместо кожа се користи синтетичка пластика, во последните години порасна повеќекратно. Па така, веганските чизми се сочинуваат 4% од продажбата на овој бренд.

Гледајќи наназад, компанијата е основана во 1960-та година од германскиот лекар Клаус Мартинс и британскиот индустријалец Бил Гритс. Првичната идеја на Мартинс била изработка на ортопедски обувки, дополнети со едно воздушно перниче, но моделот подоцна е редизајниран и стана култен низ целиот свет.

Фото: Pixabay