ГТЦ со добивка од 6,3 милиони денари за шест месеци

Градски трговски центар (ГТЦ) во првите шест месеци од оваа година прикажа вкпна сеопфатна добивка од 6.325.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата оствари добивка од 7.727.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, изнесуваат 102.553.000 денари, додека истиот период минатата година беа на ниво од 94.941.000 денари.

Фото: Pixabay