Најбогатиот човек од Хонг Конг купи британски угостителски ланец за 5,6 милијарди долари

71

Најбогатиот човек од Хонг Конг Ли Ка-шинг одвојува 5,6 милијарди долари за да го купи Greene King, британски ланец на пабови, ресторани и хотели, којшто вклучува и своја пиварница.

CK Asset Holdings, компанијата за недвижнини на Ка-шинг го откупи и долгот на угостителскиот ланец, пишува CNN.

Greene King е основана во 1799 година, а вклучува повеќе од 2.700 пабови, ресторани и хотели низ Англија, Велс и Шкотска. Ланецот вработува 38.000 луѓе, а годишно генерира приходи од 2,7 милијарди долари.

CK Asset Holdings е една од најдобро котирачките компании за недвижнини во Хонг Конг. Основачот Ли од лани, има улога на постар советник, откако се пензионираше од бизнисот. Неговата фамилија поседува над 32% од компанијата.
Фото:Pexels