УЈП: Досега се скенирани над 12 милиони фискални сметки

84

Заклучно со 20.08.2019 бројот на скенирани фискални сметки изнесува 12,371,552, од кои остварен е промет од 6,360,382,050 денари, вкупниот ДДВ изнесува 690,603,831 денари, а повратот од 15% за граѓаните е во износ од 103,590,575 денари, информираа од Управата за јавни приходи.

Од 1 јули 2019 до 20 август 2019 има 310 пријави за не издадени фискални сметки, а во истиот период минатата година имало само 112. Најголем дел од пријавите се однесуваат за Скопје повеќето за општина Чаир и за туристичките места Охрид и Струга, каде УЈП спроведе контроли.

Наскоро ќе биде пуштена веб апликацијата МојДДВ на која граѓаните ќе имаат детален увид за се што скенирале изминатиот период, како и колку поврат може да остварат. На оваа Веб Апликација граѓаните ќе може и да ги повлечат односно да ги поништат погрешно скенираните сметки.