Намален бројот на превезени патници во второто тримесечје од годинава

63

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, во однос на истото тримесечје од 2018 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е намален за 20,3 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 1,8 %, во железничкиот превоз е намален за 0,7 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 15,1 %.

Во однос на првото тримесечје од 2019 година, бројот на превезените патници во патниот патнички превоз е зголемен за 11,7 %, во градско-приградскиот превоз за 1,3 %, во железничкиот превоз за 13,1 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 41,5 %.

Во второто тримесечје од 2019 година, во споредба со второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,9 %, во железничкиот превоз е зголемено за 2,9 %, а во воздухопловниот превоз за 62,4 %.

Во однос на првото тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 4,4 %, во железничкиот превоз е зголемено за 13,5 %, а во воздухопловниот превоз за 72,8 %.

Фото:Pexels