Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,9% на месечно ниво и повисоки за 1,2% на годишно ниво.
Во јули 2019, во споредба со јуни 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5% и Капитални производи за 0,1%.
Во јули 2019, во споредба со јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1,7%, Капитални производи за 1,6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7% и Трајни производи за широка потршувачка за 0,8%.
Фото:Pixabay