Кои земји се најголеми извозници на безалкохолни пијалаци

79

Австрија е извозник број еден во светот на безалкохолни пијалаци, чија вредност лани достигна вредност од три милијарди долари. Втор извозник на овој вид пијалаци во светот е Германија со извоз во висина од две милијарди долари, додека на трето место се најде Холандија со вредност од 1,9 милијарди долари.

Во топ 10 најголеми извозници на безалкохолни пијалаци се вбројуваат и: Швајцарија (1,8 милијарди долари), Тајланд (1,4 милијарди долари), САД (1,2 милијарди долари), Белгија (919 милиони долари), Франција (838 милиони долари), Велика Британија (596 милиони долари) и Италија (566 милиони долари).

Од земјите во регионот, Хрватска е 40-та со извоз на безалкохолни пијалаци од 62 милиони долари, Словенија е две места подолу со извоз од 52 милиони долари. Грција е 49-та во светот со извоз од 41 милион долари, додека Бугарија е две места подолу со извоз од околу 35 милиони долари. Босна и Херцеговина со извоз од 30 милиони долари е 55-та во светски рамки, додека Македонија се позиционираше на 77-мо место со извоз од 11 милиони долари.

На листата од 178 земји на дното се најдоа: Папуа Нова Гвинеја, Гамбија и Гренада.

Фото: Pixabay