Непроменети цените угостителските услуги во август

66

Цените на угостителските услуги во август оваа година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување се забележува во групата храна за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во август 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 1,4%, додека во однос на декември 2018 година останаа на исто ниво.

Фото: Pixabay