Американскиот синџир на супермаркети, Walmart го има приматот на компанија со највисоки приходи. Според Fortune Global 500, оваа компанија евидентира приходи од 514.405.000.000 долари, а профитот го позиционира на 6.670.000.000 долари. Во оваа компанија се вработени 2,2 милиони лица.
Втора компанија што оваа година прокнижува највисоки приходи е кинеската државна нафтена компанија Sinopec Group. Приходите се на ниво од 414.649.900.000 долари, а профитот околу 5,8 милијарди долари. Во оваа нафтена компанија работат 619.151 вработен.
На трето место се најде уште една компанија од областа на енергетиката, овој пат од Холандија – Royal Dutch Shell. Приходите се на ниво од 396.556.000.000 долари, а профитот се позиционираше на 23,3 милијарди долари. Холандската нафтена компанија е работно место за 81.000 работници.
Во топ 10 компании со највисоки приходи се и: China National Petroleum (392,9 милијарди долари), State Grid (387 милијарди долари), Saudi Aramco (355,9 милијарди долари), BP (303 милијарди долари), Exxon Mobil (290 милијарди долари), Volkswagen (278 милијарди долари) и Toyota Motor (272 милијарди долари).
Фото: Pixabay