Hyundai креираше електричен скутер на склопување што се полни во автомобил

63

Hyundai претстави електричен скутер којшто се склопува за брз и лесен транспорт. Тој може да се полни во автомобил, користејќи ја енергијата што се создала во текот на возењето.

Скутерот е дизајниран да се користи со идните модели Hyundai или Kia коишто ќе доаѓаат во пакет со него.

Прототипот се склопува на три дела и тежи само 7,7 килограми. Има 10.5 (AH) литиумска батерија, со којашто може помине 19,3 километри на час.

За поголема безбедност на корисникот, скутерот ја насочува тежината на задниот дел, додека предното тркало е специјално дизајнирано за да овозможи стабилно движење.

На предниот дел има LED светла, а исто така и на задниот со цел да може безбедно да се вози и ноќе. На скутерот има вграден и дигитален екран на којшто се прикажуваат брзината и статусот на батеријата.

Фото: Hyundai