Жителите на Финска, Ирска и Шведска плаќаат највисоки цени за алкохолни пијалаци во однос на нивните сограѓани од останатите земји членки на Европската унија, покажуваат податоците на европската статистика.
Кога цените во земјите се споредуваат со просечната цена на алкохолните пијалаци во ЕУ со индекс 100, тогаш највисока цена за алкохолни пијалаци, вино и пиво, плаќаат жителите на Финска – скоро 82% над европскиот просек.
Од друга страна пак, најевтини се алкохолните пијалаци во Бугарија и Романија или околу 26% под европскиот просек.
Анализирајќи ги цените во остатокот од Европа, највисоки цени на овој вид пијалаци има во Исланд и Норвешка. Жителите на овие две скандинавски земји плаќаат над 160% над европскиот просек. Најевтин алкохол на стариот континент се наоѓа во Босна и Херцеговина и Македонија – 28% под европскиот просек.
Од земјите во регионот, алкохолот е најскап во Грција и е 32,6% над европскиот просек. Зад нејзе е Црна Гора со цени на алкохолните пијалаци што се за 5,9% повисоки од оние од ЕУ, а трета е Хрватска со цени за 0,7% повисоки од просекот на ЕУ. Под просекот на ЕУ, кога се работи за цени на овој вид пијалаци се Албанија со 0,1%, Србија со 15,6%.
Фото: Pixabay