Франција извозник број еден на парфеми во светот

130

Извозот на парфеми минатата година надмина вредност од 20 милијарди долари, а најголем дел од “извозниот колач“ ѝ припаѓа на Франција – над пет милијарди долари.

Зад Франција се позиционираше Шпанија со извоз на парфеми вредни 2,1 милијарда долари, а трета е Германија со извоз од околу две милијарди долари.

Во топ 10 извозници на парфеми влегуваат и: САД (1,7 милијарди долари), Италија (1,3 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (1,1 милијарди долари), Сингапур (1,1 милијарди долари), Велика Британија (660 милиони долари), Холандија (570 милиони долари) и Полска (540 милиони долари).

Од регионот, најголем извозник на парфеми е Хрватска, којашто лани прокнижи 36 милиони долари. Бугарија е 38-ма во светски рамки со извоз на парфеми во вредност од 28 милиони долари, а Грција е на 44-то место со извоз вреден 20 милиони долари. Словенија лани извезе парфеми вредни 13 милиони долари, со што е 52-ра во светот, а Србија е на 68-мо место поради извоз од 4,6 милиони долари. Од Македонија минатата година се извезени парфеми во висина од два милиона долари, додека зад нас е Босна и Херцеговина со извоз од 1,9 милиони долари. Црна Гора е 93-та со извоз од 520.000 долари.

Фото: Pixabay