Во овие десет земји условите за водење на бизнис се најпогодни, започнувајќи од стабилноста на компаниите, па сè до подготвеност за бизнис соработка.
За потребите на анализата на USNews, беа земени неколку фактори за секоја држава меѓу кои и подложност на корупција, производствени трошоци, поволно даночно опкружување, стимулирачки и транспарентни владини практики и слично.
Според анализата, освен што е втора најбогата земја во светот (по Катар) Луксембург има и најповолна бизнис клима.
Во продолжение е листата топ 10 заедно со бројките за бруто домашен производ и БДП по глава на жител.
Луксембург
БДП – 64,2 милијарди долари
БДП по глава на жител – 105.148 долари
Швајцарија
БДП – 678,9 милијарди долари
БДП по глава на жител – 62.125 долари
Панама
БДП – 61,8 милијарди долари
БДП по глава на жител – 25.405 долари
Шведска
БДП – 538 милијарди долари
БДП по глава на жител – 51.185 долари
Данска
БДП – 324,9 милијарди долари
БДП по глава на жител – 50.070 долари
Сингапур
БДП – 323,9 милијарди долари
БДП по глава на жител – 94.105 долари
Канада
БДП – 1,7 илјади милијарди долари
БДП по глава на жител – 48.390 долари
Норвешка
БДП – 398,8 милијарди долари
БДП по глава на жител – 72.058 долари
Финска
БДП – 251,9 милијарди долари
БДП по глава на жител – 44.492 долари
Тајланд
БДП – 455,2 милијарди долари
БДП по глава на жител – 17.894 долари
Фото: Pixabay