Цени во земјоделството во август

70

Цените во земјоделството во август оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 1%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика

Во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се намалени за 1%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) се намалени за 0,6%.

Во делот аутпут, во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, цените на растителното производство се зголемени за 2,2%, а кај цените на добиточното производство има пораст од 1,2%.

Фото: Pixabay