Германски студент по еко-дизајн креираше кујнски уред којшто работи без електрична енергија.
Pino се управува рачно и може за кратко време да изврши низа функции како мелење, миксирање, мешање, рендање, месење и слично.
Креаторот со овој изум има за цел да го промени негативното влијание што комерцијалното производство го има врз планетата, пишува New Atlas. Со неговиот еко-дизајн се минимизира употребата на електрична енергија, транспорт, се редуцира отпадот и негативните ефекти врз животната средина.
Апаратот е направен од дрвени панели, бакарни запчаници, основата е од леано железо, додека внатрешните елементи се изработени од челичен лим. Корисникот треба да да ја врти страничната рачка за било која одбрана функција.
Фото: Manuel Immler design