Проектот 100 најголеми во БиХ има за цел да покаже дека во Босна и Херцеговина има многу успешни компании што се признати како на домашниот, така и на светскиот пазар, пишува Пословне новине.
Прво место по приходи, во категоријата големи компании, го доби компанијата Holdini, најуспешна компанија по добивка јавното претпријатие Автопати на Федерацијата Босна и Херцеговина, додека најголем извозник е ArcelorMittal.
Новитет на 100-те најголеми во БиХе доделување на признанија за регионални лидери. Најуспешна компанија од Србија му припадна на АД Аеродром Никола Тесла, најдобра компанија во Хрватска е Lild, во Словенија Krka, во Црна Гора Voli Trade, додека за Македонија тоа е компанијата Kromberg & Schubert од Битола.
Организатор на овој настан е магазинот Пословни новини од Босна и Херцеговина.
Фото: Pixabay











