Дали може да претпоставите која земја извезува најмногу памучни маици?

54

Памучните маици се секојдневен дел од гардеробата на многумина, без оглед на тоа дали ја носат на работа, на прошетка, во домот… Земја којашто е најголем извозник на ваков вид маици во светски рамки е Бангладеш, којашто лани евидентираше 5,4 милијарди долари.

Меѓу првите 10 земји, коишто се најголеми извозници на памучни маици во светот се и: Кина (3,9 милијарди долари), Индија (1,8 милијарди долари), Турција (1,7 милијарди долари), Германија (1,6 милијарди долари), Италија (1,3 милијарди долари), Холандија (една милијарда долари), Виетнам (994 милиони долари), Шпанија (940 милиони долари) и Португалија (780 милиони долари).

Меѓу 10-те земји во светот коишто најмногу извезуваат маици од различни материјали се: Кина (осум милијарди долари), Бангладеш (6,3 милијарди долари), Турција (2,8 милијарди долари), Германија (2,5 милијарди долари), Индија (2,5 милијарди долари), Виетнам (две милијарди долари), Белгија (1,7 милијарди долари), Италија (1,7 милијарди долари), Шпанија (1,4 милијарди долари) и Холандија (1,4 милијарди долари).

Фото: Pixabay