Фактите говорат дека 70 компании ширум светот заработуваат повеќе од еден милион долари за еден или помалку од еден час.
Најпрофитабилна на глобално ниво е нафтената компанија Saudi Aramco со заработка од 304 милиони долари дневно или еден милион долари за помалку од пет минути.
На второ место се најде технолошкиот гигант Apple со дневна заработка од 163 милиони долари или еден милион долари на секои 8,8 минути. Трета меѓу најпрофитабилните е Industrial & Commercial Bank of China со 123 милиони долари дневно или еден милион долари на секои 11,7 минути.
Меѓу 10-те најпрофитабилни, според порталот Howmuch.net, се и:
Samsung Electronics – 109 милиони долари дневно или еден милион на секои 13,2 минути
China Construction Bank – 105 милиони долари дневно или еден милион за 13,7 минути
JPMorgan Chase & Co – 88 милиони долари дневно или еден милион за 16,2 минути
Alphabet – 84 милиони долари дневно или еден милион за 17,1 минути
Agricultural Bank of China – 83 милиони долари дневно или еден милион за 17,1 минути
Bank of America Corp – 77 милиони долари дневно или еден милион за 18,7 минути
Bank of China – 74 милиони долари дневно или еден милион за 19,3 минути
Фото: Pixabay