Каде растат овошјето и зеленчукот во ЕУ?

65

Околу 1,5 милиони фарми во Европската унија имаат овоштарници што покриваат површина од 3,4 милиони хектари во 2017 година. На површина од 2,2 милиони хектари се одгледува свеж зеленчук во ЕУ во текот на 2017 година, покажуваат податоците на европската статистика.

Шпанија има најголема површина за производство на овошје во Европската унија или 40,1% од вкупните површини во Унијата. Италија, пак, е земја со најголема површина на засаден зеленчук или 17,8% од вкупниот износ во ЕУ.

Најголем дел од бадемите што растат во земјите од ЕУ, доаѓаат од Шпанија, а најголема површина со јаболка има во Полска.

Домати во Унијата се одгледуваат на површина од 241.000 хектари, а втора најпроизведувана земјоделска култура во ЕУ е кромидот, што зафаќа 181.000 хектари.

Фото: Pixabay