Македонија во текот на 2016 година, од земјоделски производи, најмногу извезла јаболка, вино и зелка. Ова го покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации (Food and agriculture organization of the United Nations – FAO).
Во текот на таа година, од земјава се извезени 82.268 тони јаболка, 77.075 тони вино и 67.607 тони зелка.
Меѓу петте најизвезувани земјоделски производи се и грозје (38.741 тони) и пиперки (28.840 тони).
Според истата база на податоци, во 2016 година, земјава најмногу направила увоз на: пченица (75.537 тони), рафиниран шеќер (70.052 тони) и пченично брашно (55.031 тони).
Македонија во текот на 2017 година, од земјоделски производи, најмногу произвела млеко, пченица и зелка. Па така, таа година од земјава се произведени 394.140 тони млеко, 200.112 тони пченица и 181.339 тони зелка.
Меѓу 10-те најпроизведени земјоделски производи во земјава се и: грозје (180.349 тони), компири (178.951 тони), пиперки (175.100 тони), домати (159.721), пченка (123.014 тони), лубеници (121.168 тони) и јачмен (93.666 тони).
Фото: Pexels