Шпанија, Италија и Грција – најголеми извозници на маслиново масло во светот

178

Извозот на маслиновото масло во глобални рамки достигна ниво од 494 милиони долари. Најголем дел од извозот или 47% го реализира Шпанија, па од продажба на маслиново масло на странски пазари инкасираше 234 милиони долари.

Италија е втора земја најголем извозник на маслиново масло во светот со вредност од 100 милиони долари, додека на трето место се најде Грција со извоз од 51,2 милиони долари.

Според податоците на Observatory of economic complexity, Шпанија, Италија и Португалија се најголемите увозници на ова масло. Шпанија увезла маслиново масло од 113 милиони долари, Италија 68,7 милиони долари, а Португалија учествува со 15,8 милиони долари увезено маслиново масло.

Фото: Pixabay