HSBC намалува 10.000 работни места

15

Банкарската групација HSBC започна со намалување на 10.000 работни места, во рамки на програма за намалување на трошоците, пишува Financial Times.

Oтпуштањата се во рамки на амбициозниот план на банката да ги скрати трошоците од работењето. Во овој момент банката е работодавач на 238.000 лица.

“Веќе неколку години наназад знаеме дека мора да направиме нешто со нашите трошоци, од кои најголема компонента се луѓето“, велат од банката.

Фото: Pixabay