Has_One: Роботска рака од БиХ

108

Харис Салиќ од Босна и Херцеговина разви хидраулична роботска рака под името Has_One, пишува Akta.ba.

Оваа роботска рака е наменета за едукација, како наставно помагало во основни, средни технички училишта, технички факултети и други институции што се занимаваат со едукација. Салиќ лично ја дизајнирал роботската рака за нејзина примена во практична настава, обуки и презентации.

Се очекува јавни и приватни образовни институции да ја добијат оваа роботска рака од април следната година.

Фото: Pixabay