Environmental Insights Explorer – алатка од Google за мерење на загаденоста на воздухот

102

Алатката Environmental Insights Explorer (EIE), којашто Google веќе ја претстави во САД, сега е достапна и во Европа.

EIE ја мери загаденоста на воздухот и емисиите на штетни гасови, а за почеток ќе биде испробана во Бирмингем, Манчестер, Волверхемптон во Англија, Даблин во Ирска и Копенхаген во Данска.

Алатката своите мерења ги прави врз основа на собрани податоци од Google Maps и јавните информации за емисиите.

Компанијата, за неколку недели, планира да ја воведе алатката и во други градови, на други континенти, а секој град ќе може да се номинира преку онлајн формулар.

Environmental Insights Explorer нуди податоци во четири категории: градежни емисии, транспортни емисии, емисии во генерална форма и соларен потенцијал, пишува BBC.

Преку контролна табла градовите ќе можат да видат што е најдобро да се преземе за да се намали загаденоста… креирање на велосипедски патеки, инсталирање на сончеви панели и слично.

Фото: Pixabay