Google Maps има ново подобрување кај алатката гласовен асистент. Станува збор за услуга на iPhone и Android којашто им помага на луѓето со оштетен вид.
Доколку корисникот сака да ја користи услугата им ја бара опцијата “walking options” и тука одбира “detailed voice guidance“.
Според Google оваа алатка можат да ја користат и оние кои немаат ваков проблем кога патуваат на ново место, CNBC.
Подобрениот “гласовен водич“ кажува уште колку треба да одите пред да свртите и предупредува кога треба да се премине фреквентна раскрсница.
Освен тоа алатката постојано дава апдејти и кажува кога корисникот се движи во правилна насока, но и алармира доколку сте скршнале од патот.
Услугата моментално е достапна на англиски во САД и на јапонски во Јапонија.
Фото: Pexels