Што им е заеднички извозен адут на Индонезија, Велика Британија и Шведска?

103

Индонезија минатата година беше најголем извозник на нерѓосувачки челик или познат како инокс, покажува анализата на World’s top exports.

Од извоз на овој метал, Индонезија лани инкасираше 821 милион долари, втора е Велика Британија со извоз од 642 милиони долари, додека извозот на Шведска достигна 227 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на инокс се и: САД (112 милиони долари), Италија (101 милион долари), Шпанија (88 милиони долари), Австрија (74 милиони долари), Германија (70 милиони долари), Франција (64 милиони долари) и Тајван (55 милиони долари).

Од земјите во регионот, Словенија е 26-та со извоз на инокс во висина од 5,9 милиони долари. Извозот на инокс од Хрватска достигна еден милион долари, во Србија – 330.000 долари, во Грција 115.000 долари, а во Бугарија 47.000 долари.

Македонија ја нема на листата.

Фото: Pixabay