Ford Македонија на нова локација

254

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ – ДА Гранд Моторс, започна со работа на својата нова локација, во комплетно нов, атрактивен продажно – сервисен објект, којшто воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја, стои во соопштението.

Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди на вкупна површина од 9.600 метри квадратни, од кои затворен објект на 2.640 метри квадратни и располага со Ford салон од 450 метри квадратни каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, како и Ford сервис од 1.300 метри квадратни каде веќе постоечките сопственици на Ford ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги по врвни стандарди.

“Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е согласно деловната стратегија на групацијата, којашто е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford којшто овозможува профитабилен раст за сите е и дел од мисијата на МИ – ДА Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на улицата Босна и Херцеговина бр. 1, односно на крстосницата со булевар Словенија, а покрај Ford салонот и сервисот, истата располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила Аутото, со којшто се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до една година.

Истовремено, по повод на отворањето на новиот објект и 25-годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, којашто овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сѐ до крајот на 2019 година.

Во рамки на кампањата, за сите возила достапни на залиха, следуваат попусти од најмалку 15%, зависно од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци како зимски гуми, каско осигурување, кровни носачи и сл. За корисниците на сервисните услуги на Ford, исто така следуваат бројни подароци и изненадувања.