Хотел Ritz на продажба за милијарда долари

60

Сопствениците на хотелот Ritz од Лондон, во којшто се сместуваат членови од кралското семејство, државници и филмски ѕвезди се подготвени да го продадат за милијарда долари.

Хотелот од 1995 година е во сопственост на браќата Дејвид и Фредерик Баркли, во чија сопственост е и дневниот весник Daily Telegraph.

Ritz има 111 соби и 25 апартмани, а минатата година оствари приход од 47 милиони фунти, а оперативна добивка од 15 милиони фунти, пренесува Reuters.

Фото: Theritzlondon.com