Кога е време лидерот да се повлече

136

Иако е тешко еден лидер да си признае пред себе си и другите, дека е време да се повлече од функцијата, доаѓаат моменти кога тоа е најдобро решение.

Преголема опуштеност

Една работа е да се чувствувате добро со позицијата што ја имате, но доколку не тежнеете кон постигнување на подобри резултати, тогаш можеби е време да ја отстапите позицијата на некој што има страст, волја и амбиции.

Емпатијата почнува да се губи

Работата на лидерот е да биде максимална поддршка за своите следбеници, да умее да ги ислуша, да даде совет и да им помогне кога е потребно. Но, ако едноставно сте го изгубиле интересот за овие работи, не треба ни да се наоѓате на лидерската позиција.

Се затворате во себе

Повеќе не сакате да бидете дел од дружењата со вработените, не одите на разни бизнис настани поврзани со вашата работа… Станувате затворен човек, а тоа не е карактеристика на лидер.

Немате повеќе идеи

Кога ќе заглавите подолго време и ќе почнете да тапкате во место, без нови идеи и проекти, отстапување од функцијата е можеби најдоброто решение. Можеби на друго место ќе најдете нова инспирација, а нема да го ризикувате и работното место на вашите луѓе.

“Бродот тоне“

Вработените си одат со малку позабрзано темпо од нормално, бизнисот не оди како што треба… Во такви случаи лидерот прво треба да ја пронајде грешката во себе. Доколку сè би било во ред, тимот ќе остане лојален и успехот на работата нема да изостане.

Фото:Pixabay