Кои се најстари авиокомпании во светот што постојат и денес?

111

CNN направи листа на 10-те најстари авиокомпании во светот што опслужуваат патници и стока и денес.

KLM – Холандија го има најстариот авиопревозник во светот, што е формиран во 1919 година, а првиот лет го има во мај 1920 година. Во текот на првата година од формирањето, холандскиот авиопревозник пренел само 440 патници, а минатата година 34,2 милиони патници.

Avianca – станува збор за најстариот авиопревозник во Латинска Америка и втор најстар во светски рамки. Основана е пред 100 години, кога го реализиран и првиот лет. Минатата година преку овој авиопревозник се пренесени 30,5 милиони патници.

Qantas – австралиски авиопревозник основан 1920 година, со што е трета најстара авиокомпанија во светот. Името на компанијата е кратенка од Queensland And Northern Territory Aerial Services. Преку Qantas лани минале 55,3 милиони патници.

Aeroflot – е руска национална авиокомпанија основана во 1923 година, со седиште во Москва. Првобитното име на компанијата била Dobrolet, но во 1932 година е сменето во Aeroflot.

Czech Airlines – станува збор за чешки национален превозник формиран во 1923 година. Првиот лет го имала во октомври 1923 година, а лани превезле 2,9 милиони патници.

Меѓу последните пет од 10 најстари авиокомпании се и: Finnair ( фински национален авиопревозник основан 1923 година), Delta Air Lines (американска авиокомпанија основана 1924 година), Air Serbia (српски национален авиопревозник што датира од 1927 година), Iberia (шпански авиопревозник што е “врсник“ со AirSerbia) и British Airways (национална авиокомпанија на Велика Британија формирана пред 45 години со спојување на четири национални авиопревозници, но корените се верува дека датираат од 1919 година).

Фото: Pixabay