Анализирано според глобалниот бруто домашен производи (БДП), урамнотежен со паритет на куповна моќ, Кина е најголема економија во светот со БДП поголем од 25.000 милијарди долари. На второ место се САД со БДП во висина од 20.000 милијарди долари, анализира Al Jazeera.
Трета најголема економија во светот е Индија со БДП од 10.510 милијарди долари. Во првите пет најголеми влегуваат и Јапонија со 5.000 милијарди долари, додека Германија ја завршува првата петорка со БДП од над четири илјади милијарди долари.
Од земјите во регионот, лидер е Хрватска со 61,2 милијарди долари вредност на БДП, втора е Словенија со 55 милијарди долари, додека Србија е трета со 52 милијарди долари вредност на бруто домашниот производ. Босна и Херцеговина со БДП од 20 милијарди долари е зад Македонија, којашто има БДП од 12,8 милијарди долари. Зад нас се Косово со БДП од осум милијарди долари и Црна Гора со 5,4 милијарди долари.
Фото: Pixabay