Apple ќе креира очила со зголемена реалност

53

Технолошкиот гигант Apple постојано се труди да биде иноватор во полето на нови технологии. Она на што моментално работи се очила со зголемена реалност коишто според, компанијата ќе им овозможат на корисниците визуелно да следат информации пред очи.

Паметните очила би требало да излезат на почетокот на 2020 година. За потребите на новиот производ, Apple ќе работи со други компании, а очилата ќе преземаат пораки, слики и слично од нивниот iPhone и ќе ги проектираат пред корисникот.

Нивниот дизајн не се знае, како и дали ќе функционираат како обични очила или како сет за виртуелна реалност, пишува Independent.

Уредот ќе ја “позајми“ компјутерската моќ од поврзаниот iPhone, со што ќе биде управуван од процесорот, графичкиот процесор и мрежната поврзаност на телефонот, што најверојатно ќе се конектира преку bluetooth.

Фото: Pixabay