Типови на вработени што речиси никогаш не добиваат унапредување

181

Доколку се препознаете во следниве неколку ликови време е да промените нешто ако сакате да добиете унапредување.

Озборувач

Да се комуницира со сите е убава работа. Но, ако вашата комуникација вклучува и озборување на колеги и останати луѓе, нема да бидете пожелен кандидат за унапредување.

Наивец

Ако прифаќате сè што ќе ви се даде за обврска, без збор, дури и кога не сте во состојба да ги завршите задачите, ќе изгледате наивно. Ако не умеете да се изборите за своите права, тешко дека ќе умеете да се искачувате на погорна позиција.

Негатор

И негаторот, односно оној кој постојано ги негира предлозите на колегите и се жали се речиси секоја ситуација, без да проба истата да ја подобри, нема големи шанси да добие унапредување.

Жртва

Ако сте од оние кои глумат жртва и обвинуваат други за испуштени рокови или лош перформан, нема да освоите симпатии ниту кај колегите, ниту кај шефот.

Сезнајко

Постојаното поправање на другите и инсистирање дека вашето мислење е најисправно не ви оди во прилог. Ако немате цврсти докази да ги убедите колегите дека вашата идеја е најпродуктивна, немојте ни да почнувате.

Кавгаџија

Никакви нервозни испади нема да ви донесат унапредување. Напротив, може само да придонесат за отказ, особено ако карањето ви премине во навика.

Фото: Pexels