Денес постојат илјадници различни производи од алуминиум што се користат во светот поради што нашиот начин на живот без оваа суровина станува незаменлив. Предностите што ги има овој метал, како и неговата цврстина и можности за лесно обликување го прават да биде една од најупотребуваните суровини во индустриското производство. Алуминиумот се користи во градежна, авионска, автомобилска, но и во индустрии за производство на амбалажа. Во домашни услови, алуминиумот го користиме преку лименките за пијалаци или фолија што се користи за печење.
Во Европа, се рециклираат 42% од алуминиумот што се употребува за производство на лименки, 85% од алуминиумот што се користи во градежништво и 95% во производство на превозни средства.
Од друга страна, PET (Polyethylene terephthalate) е полиестер со подобрени својства. Современата PET амбалажа се произведува од нафта, не се крши, отпорен е на механички оптоварување и е лесен, поради тоа, добар за производство на амбалажа, односно на шишиња за пијалаци и други производи. Но, поради таквите својства зазема голем простор и предизвикува огромен отпад. Според обем, пластичниот отпад чини повеќе од 30% од отпадот во домаќинствата. Бидејќи РЕТ не може да се разгради по природен пат, станува голема закана за животната средина.
Фото: Pixabay